Јавете се (032) 442 633

За нас

Компанијата АГРОМИКС се занимава со: - Преработка (дехидрирање) и продажба на големо на јаткасти производи и зеленчук (семе од тиква, компир, спанаќ, морков, пашканат, целер, кромид, праз, лук во прав, лук во парчиња, магдонос, оригано, лупен сончоглед...) - Мед (пакуван и рефус) .) - Репроматеријали за зачини (натриум глутаминат и витамин B2) - Плантажно одгледување на билки во сопствени капацитети Референтна листа: Алкалоид, Витаминка, Жито Лукс, Виталија Дистрибуција на нафтени деривати Shell, бензинска пумпа АК ОИЛ АГРОМИКС Свети Николе се занимава со преработка (дехидрирање и конзервирање) на овошје и зеленчук, со откуп на билки, како и со плантажно одгледување на билки во сопствените капацитети.

Наша цел е натамошно унапредување на обемот и на квалитетот на производство на сушен зеленчук, овошје и билки, под постојан стручен надзор на квалнфикуван партнер од Германија. Развојните планови на АГРОМИКС подразбираат натамошно негување и развојот на кооперантските односи. Тие се гарант, но и обврска за нашата развојна стратегија.

ТУНЕЛСКА СУШАРА

АГРОМИКС располага со современа тунелска сушара која работи на топол воздух, со електронско регулирање и контролирање на зададената температура и процентот на влага, во зависност од дефинираниот режим на сушење. Капацитетот на сушарата е 1.000 килограми сушен зеленчук дневно, по една лента. Сушењето е најквалитетно конзервирање на овошјето и зеленчукот.

СОРАБОТКА

Компанијата АГРОМИКС е основан во 1995 година и има воспоставено кооперантски односи со земјоделците во Овчеполскиот регион, кои располагаат со 20.000 хектари обработливо земјиште, од кои 3.000 хектари се под системи за наводнување. Ние го организираме земјоделското производство на нивите на земјоделците, воедно и ги откупуваме нивните производи, a ја организираме и продажбата на репроматеријали што им се потребни. Деловните простории на компанијата се во Светн Николе. Тимот стручњаци на АГРОМИКС има воспоставено соработка со бројни надлежни и научни институции во земјата, а за земјоделците кооперанти постојано организира обуки и стручни предавања.

 

1.JPG 10.JPG 2.JPG 3.JPG 4.JPG 5.JPG 6.JPG 7.JPG 8.JPG 9.JPG