Предности

За зеленчукот да се користи во исхраната во текот на целата година, се применуваат повеќе видови конзервација. Еден од најстарите секако е сушењето.
Развојот на технологијата на сушењето (дехидрацијата) овозможува зголемување на квалитетот на третираниот зеленчук. Оттаму, со сигурност може да се каже дека современо исушените дехидрирани производи по својот состав и квалитет и не се разликуваат од свежите.
Процесот на сушењето е наполно природен и без уптреба на какви и да е хемикалии.
Освен тоа, предноста и карактеристиката на конзервирањето со сушење е фактот што при третманот се намалува и тежината и запремнината на производите, условувајќн со тоа и намалување на трошоците на амбалажнрањето, на транспортот и на складирањето.
Сето, секако, има свое особено влијание во постојаното зголемување на примената на сушениот зеленчук: освен во прехранбената индустрија, како полупроизвод или суровина, се повеќе се користи и во хотелнерството, а и во сите други гранки и места каде што се подготвува храна.
Зачуваниот квалитет, условен од примената на современите технологии заедно со скратеното време на набавка на свежиот производ, потоа неговото чистење и приготвување, претставуваат гаранција дека сушениот зеленчук ќе најде свое место во исхраната на се поголем број потрошувачи.