Помош за земјоделците

Агромикс го организира земјоделското производство на нивите на земјоделците, потоа откупува овошје, зеленчук и други прехранбени производи, a ја организира и продажбата на репроматеријали за потребите на аграрот.
Агромикс е основан во 1995-та година и има воспоставено кооперантски односи со земјоделците во Овчеполскиот крај, кои располагаат со 20.000 хектарн обработливо земјиште, од кои 3.000 хектари се под системи за наводнување.
Деловните простории на Агромикс се во Светн Николе. Тимот стручњаци на Агромикс има воспоставено соработка со бројни надлежни и научни институции во земјата, а за земјоделците кооперанти постојано организира обуки и стручни предавања.
Агромикс е постојано отворен за соработка. За инвеститорите има посебни понуди со можности за вложување во здрава храна.